Димитриеска-Кочоска: Заспана Влада, заспана НБРМ!

Хаосот во некоординираните, краткорочно насочени здравствени и економски политики или таканаречените политики “од денес за утре” скапо ги чини и ќе ги чини граѓаните. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 стана јасно дека оваа Влада нема никаква долгорочна стратегија за справување со здравствената и економската криза. А како да има кога самите мислеа и нѐ убедуваа дека кризава ќе помине во само еден квратал? А како да има кога планирањето и трошењето на државните пари е само заради одржување на Заев и бандата на власт? А како да има кога мерките за превенција од пренесување на вирусот се кројат по потреба на политичарите, а не во интерес на здравството, здравствените работници и човечките животи. Сѐ е НИВНА ГРЕШКА, тие не водат- ама неуспешно!Вчера се донесоа закаснети рестриктивни мерки (причина позната т.е. претходната калкулација заради пописот), ама во исто време никој, ама баш никој не кажа ништо за стопанството. Ќе речат дека две недели нема толку да влијаат (а дали ќе бидат две недели), ама ние тука зборуваме за илјадници мали и семејни бизниси коишто живеат од тие пари. Па логично се поставува прашањето: каде е министерот за финансии после вчерашниот прес на Заев? Каде е НБРМ после вчерашниот прес на Заев, ако се знае дека одлагањето на кредитите заврши на 31.03.2021 година? Се прашува некој како стопанствениците ќе ги враќаат своите кредити во наредниот период, како ќе ги плаќаат сметките и платите на вработените? Помошта за февруари и март сѐ уште ја нема, а помошта за понатаму – е под голем знак прашалник. Да бевме сериозна држава (ама со овие не сме), исто како што пред една година требаше Нина Ангелоска да застане до Венко Филипче и да каже дека државата ќе помогне (а не да каже дека државата не е тука да ги части фирмите), така вчера до Зоран Заев ќе застанеше гувернерката Анита Бежоска и ќе кажеше дека кредитите се одлагаат за наесен или и за покасно. Закаснетата имунизација на населението значи пролонгиран период на здравствена криза, а тоа пак значи пролонгиран прериод на економско опоравување. Со ова темпо на имунизација и немање на вакцини ризиците тежнеат врз сите услужни дејности, а нивната ликвидноста е веќе нарушена. Зар не треба да се реагира навремено? Зар НБРМ не оценува дека пролонгирањето на кризата и тешкото опоравување заради неуспехот на Владата ги става во ризик фирмите и граѓаните, а со тоа и банките? Почитувани мои, при заспана Влада имаме и заспана НБРМ!

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста