Димитриеска-Кочоска: Имаме огромна сива економија, време е да ја намалиме
Минситерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е решена конечно да стави крај на проблемот со сивата економија. Зборувајќи на оваа тема на меѓународна конференција во Парагвај, таа потенцира дека кај Владата има голема волја за менување на состојбите кои се предизвик не само за Македонија, туку за сите земји во светот. Затоа вели таа е поотребна засилена соработка вклучително и во делот на размената на информациите:
„Даночното затајување е насекаде присутно, дури и во развиените земји, затоа поддршката е потребна на сите, не само на земјите како мојата. Кога се зборува за даночно затајување не е важно само законодавството што ќе се усвои, туку многу поважна е волјата на владата да успее во борбата со него„, рече министерката на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели