Димитијевиќ двоцифрен против Барселона, Хувентуд избори „мајсторка“

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд се изборија за „мајсторка“ против Барселона во четвртфиналната серија на шпанската Ендеса лига. Вториот дуел го доби тимот од Бадалона со 72-63, а македонскиот плејмејкер иако се повреди пред крајот на првиот дел, сепак за 16 минути на паркетот се наметна како трет стрелец со 10 поени, зад Басас со 20 и Рибас со 12 коша. Решавачкиот трет меч се игра в сабота на теренот во Барселона и победникот во полуфиналето се среќава со Тенерифе, кој со 2-0 го елиминираше Бургос.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста