Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и го повика целото раководство да го направи истото

Димитар Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ и го повика целото раководство да го направи истото

Димитар Ковачевски повеќе не е лидер на СДСМ. На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин. Toj го повика целото раководство на партијата да го стори истото.

„Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати“, велат од СДСМ.

СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре, да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години. И уште поважно, што е тоа што треба да се направи за да ја обновиме и вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме. Процесот на обнова мора да е на сите нивоа, пишува меѓу другото Ковачевски во своето обраќање до партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )