ДИК: Пендаровски 59,92 проценти, Силјановска 36,79 отсто

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 21,36 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 59,92 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 36,79 отсто.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти