ДИК: Мала предност за Пендаровски пред Силјановска Давкова во првиот круг

Според обработените 100 проценти од податоците Пендаровски води со помалку од илјада гласа пред Сиљановска Давкова .

Кандидатот на СДСМ и коалицијата освоил 313 033 гласа или 42,67 проценти од вкупнуиот број гласови. Тој , според податоците на Државната изборна комисија победил во Куманово , Крива Паланка , Струмица , Берово ,Делчево и Дојран , како и во Центар и Карпош. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ освои 312 177 гласа или 42,56 проценти од гласовите. Таа освои најмногу гласови во Велес , Кавадарци , Неготино , Битола , Охрид, Ѓорче Петров , Аеродром , Штип , Пехчево , Прилеп и Гевгелија.

Кандидатот Блерим Река освои 76 496 гласа или 10,43 проценти од гласовите. Најголема предност Река има во Желино , Липково , Теарце и Боговиње.

Според претседателот на ДИК , Оливер Деркоски изборите минале во фер и демократска атмосфера и изрази задоволство за добро извршената работа.