ДИК денеска ја поништи својата одлука од вчера во однос на гласачките ливчиња без печат

Гласачките ливчиња без печат сепак ќе бидат неважечки. Државната изборна комисија, по 24 часа ја поништи сопствената одлука која предвидуваше и оние ливчиња без печат да се сметаат за важечки со образложение дека не смее на ниту еден граѓанин да му се ускрати избирачкото право поради нечија грешка. По вчерашната најава на Државнмата изборна комисија дека ќе се прават измени на пет дена до вториот круг од локалните избори, стигнаа критики од јавноста и стручната фела, а притисокот направи Комисијата да се премисли. Во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

Ставањето на печат на гласачко ливче е задолжително, согласно член 109 од изборниот законик. Со тоа, секој член од ИО задолжително треба да стави печат на избирачкото ливче. Имајќи ги предвид сите реакции од јавноста, Државната изброна комисија ја поништува измената на Упатството за примена на член 110 од Изборниот законик односно за важечко и неважечко гласачко ливче, со што во сила ќе го стави претходното Упатство – информираше претседателот на ДИК Александар Даштевски.

Од Државната изборна комисија, апелираат, избирачките одбори да го почитуваат упатството и задолжително да стават печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат, а во спротивно согласно Изборниот законик ќе се покрене кривична постапта.

Инаку, предложената измена донесена вчера, според ставот на ДИК произлегла од пресудата на Управниот суд да ги прогласи за важечки ливчињата без печат бидејќи било недозволиво поради пропусти направени од членови на избирачкиот одбор, гласачите кои гласале и ја изјавиле својата волја на гласањето, нивните гласачки ливчиња кои немале печат да се сметаат за неважечки.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста