Дигитализацијата го отвора патот да се менуваат учебниците по теркот на Грција и Бугарија

Со дигитализација на учебниците се отвора можност за често и лесно да се прават промени во наставните содржини – онака како што бараат соседите Грција и Бугарија. Веројатно тоа е една од причините зошто министерката за образование брза со реформите, посебно во период кога премиерот Заев беше искаран од поранешниот премиер на Грција, дека доцниме со имплементација на делови од Договорот од Нивици. Дека концепциите во образовниот систем се тесно поврзани со барањата на Грција и Бугарија на патот кон ЕУ, историчарите многупати алармираа, но ресорното министерство и понатаму на сила турка низа промени.

Ревизија на годишно ниво, без однапред законски да се регулира начиност на спроведување, создава сомнеж дека зад ова инсистирање на дигитализација на учебниците, се крие намера за олеснување на процесот за контрола а в окрајна линија и ревизија во однос на овие условени преговори кои што се содржани во Преспанскиот договор и Договорт за добрососедство – вели универзитетскиот професор Митко Панов.

Од Министерството за образование цврсто се држат за ставот дека промените се исклучиво за подобрување на образованието. На прашањето дали ќе се прават промени во учебниците од септември согласно договорите, тие наместо одговор, ја обвинија опозицијата за ширење шпекулации.

Промените во никој случај не се поврзани со било кое надворешно прашање на државата. Таквите шпекулации се креираат од одредени политички центри, најчесто од најголемата опозициска партија, која поради безидејност за подобра иднина на државата, се обидува да стекне дневно политички поени преку создавање на вознемиреност и несигурност кај дел од граѓаните – велат од МОН.

Македонија е под константен притисок од Бугарија на патот кон евроинтеграциите, а дел од него се насочува кон промена на учебниците по историја. А дека Софија не е осамена, покажа поранешниот премиер на Грција, Ципрас, кого Заев на Преспа форумот го нарече добар пријател а тој остро му возврати дека по три години од потпишувањето на Договорот, доцнеле со испорачување на ветеното. Потоа, уште еднаш предупреди дека е потребна итна интервенција во учебниците, ако сакаме почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста