Дигитализација на учебници: Родителите слават, опозицијата се сомнева, Царовска си ја тера реформата

Забуна за дигитализацијата во образованието. Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ објави дека законот за учебници и други дидактички материјали  е повлечен а за тоа ги известил спикерот Џафери, па според тоа барањето за одржување на референдум е беспредметно.  Но, ако Влада одлучи утре да го врати законот во законодавниот дом, тогаш родителите ќе треба да поднесуваат нова иницијатива доколку не се согласуваат со реформите на МОН. Од таму велат  образовните реформи почнуваат со новата учебна година, во прво и четтврто одделение, за што и се подготвувале.

  • Реформите за основно образование стартуваат од септември за учениците во прво и во четврто одделение. Програмите се донесени. Транспарентно се објавени и сите дискусии, но со објавувањето се затворија, бидејќи видоа дека нема ништо драматично и различно од она што го ветувавме, изјави Царовска.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерката Царовска бидејќи нацрт-законот се повлекол од Собранието. Од партијата велат дека будно ќе ја следат ситуацијата бидејќи на СДСМ и Царовска неможело да им се верува.

  • Свесни сме дека СДСМ и Мила Царовска можеби повторно тактизираат само за да се повлече иницијативата за референдум која беше покрената од граѓански иницијативи и повторно да го вратат овој закон во Собрание со злоупотреба на европското знаменце рече Ласковска.

Со оглед на сите овие изјави, на јавноста останува во заблуда дали дигитализацијата во образованието ќе го имам својот старт во септември.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста