Џубеир: Саудиска Арабија ќе преземе соодветни чекори

Саудиска Арабија ќе преземе соодветни чекори за да одговори на нападот на нафтената рафинерија, ако, саудиската истрага потврди дека Иран е одговорен за тоа, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир.

Тој рече дека истрагата ќе докаже дека нападот на 14 септември бил извршен од север и оти Иран е одговорен за тоа.

Техеран ги негира сите обвинувања.

Одговорност за нападот презедоа јеменските бунтовници Хути.