Џолев не кажува зошто бил на жешка линија со Владата во критичните моменти од бегството на Мијалков

Првиот човек на Кривичниот суд, Иван Џолев смета дека не треба да биде интерес за јавноста тоа дали во изминатиот период имал средби или телефонски разговори со премиерот Заев или Министерот за правда, во врска со случајот Мијалков. Денес во Штип избегна да даде конкретен одговор на новинарското прашање, посочувајки дека тој како претседател во текот на работниот ден има многу состаноци.

„Јас комуницирам, се среќавам, состанувам, исто како и овде во судот во интерес на кривичниот суд, судското работење, така да имам многу состаноци. Сметам дека не треба да биде интерес на јавноста, односно во таа смисла не гледам причина за транспарентност“, изјави Иван Џолев, претседателот на Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно Законските одредби судот за притворот на Мијалков можел да одлучува до понеделник до 15часот, но поради итноста на случајот, таквата одлука е донесена за само три и пол часа, рече Џолев. 24часа, така што можело да се одлучува до понеделник до 15 часот. Судот може да одлучува што се однесува до домашниот притвор на Мијалков, судот ослучуваше по најбрз можен рок.

„Предлогот за притвор стигна во судот во недела во 15 часот, а одлуката изготвена е во 18,30. Тоа се три и пол часа“ изјави Џолев.

Пред два дена Мијалков по кој се трагаше и беше распишана мегународна потерница, сам се пријави во Обвинителството за да си го подигне решението за домашен притвор. Тогаш изјави дека бил во изолација и не знаел дека го бараат.
Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет за случајот Таргет-Тврдина, за која пресуда треба да биде изречена во петок.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста