Џолев: Наскоро оценка на обвинителниот акт за организаторите на ,,27 април‘‘

Осум од вкупно девет судии, во одделението за организиран криминал биле изземени на барање на одбраната и затоа се уште нема оценка за обвинителниот акт за организаторите на настаните, од 27-ми април.. Претседателот на кривичниот суд – Иван Џолев признава дека има застој, но сепак е оптимист, дека наскоро, ќе има и оценка за обвинението..