Џипот на Рускоска на пешачки под рачна, за Алфа се правда не ја видела зебрата

Изутрината обвинителката Вилма Рускоска, во Куманово, го оставила својот џип буквално на пешачки премин. За Алфа нејзиниот тим објаснува оти претрчала на кусо да заврши некоја работа и не ја забележала зебрата.
-Обвинителката со жалење потврди дека воопшто не го приметила пешачкиот премин и дека автомобилот бил паркиран само три минути на фотографираното место, со оглед на потребата навремено да стаса на работното место. Во околината каде е паркиран автомобилот нема обележан паркинг, одговорија за Алфа од ОЈО.
Рускоска ги прекрши сообраќајните правила, дали МВР ќе ја казни?