ЏАНЛУИЏИ ДОНАРУМА ПРЕТСТАВЕН ВО ПСЖ КАДЕ ЌЕ БИДЕ ДО 2026. ГОДИНА

Џанлиуџи Донарума синоќа беше претставен во ПСЖ каде треба да биде до 2026. година. Извонредниот чувар на новиот Европски првак на Паркот на Принцовите дојде како трет слободен играч што значи дека неговиот досегашен клуб Милан остана без огромните пари за отштета како што е вообичаено за играчи од овој калибар. Низ кулоарите долго се зборуваше дека Џиџи ќе биде вратен на Сан Сира како позајмен на една година особено што светците го имаат и Кејлор Навас, но по неговото иднание на континенталниот шампионат тешко е да се верува дека ПСЖ и тренерот Покетино ќе тактизираат и дека би останале без големото засилување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста