Џака во Арсенал до 2024, Артета пред отказ!

И покрај сите несогласувања, фрлени капитенски ленти, препукувања со навивачи, Гранит Џака и во иднина ќе го носи дресот на Арсенал. Швајцарецот официјално го потпиша новиот договор со важност до 2024 година.

Лошиот старт пак, поразите од Брентфорд и Челси, најверојатно со отказ ќе ги плати тренерот Микел Артета. Англиските медиуми веќе пишуваат и за неговиот заменик, во името на Антонио Конте, кој во моментов е без ангажман по шампионската титула со Интер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста