Џафери vs Џафери – променливи ставови на собранискиот спикер за разрешувањето на Зендели

Разрешувањето на пратеникот на БЕСА Фадил Зендели од Комисијата за избори и именувања ги скара пратениците од власта и опозицијата. Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ втор ден по ред обвинува за недоловничко работење на Парламентот. Бараат одговор каде исчезнале 400 амандмани кои ги поднесоа кои се однесуваа на одлуката на разрешување на Зендели, иако собранискиот спикер Џафери усно веќе им кажал дека ќе бидат одбиени.

Од власта пак стојат на ставот дека по преминувањето на Зендели во опозиција соодносот во Комисијата е променет,а според Деловник мнозинството треба да го има власта.

Собранискиот спикер Талат Џафери пак во рок од десетина дена менува ставови како ќе постапува во ваква ситуација кога работата на Собранието  е практично закочена. Ако прво убедуваше дека не може да го погазува деловникот и без да помине одлуката за разрешување на зендели на Комисија не може да ја стави на седница, вчера целосно се демантираше – точката беше ставена како прва на дневен ред без комисиска расправа.

Пратеникот на БЕСА Фадил Зендели кој стана фокус на работата на Собранието вели дека одлуката за ваквиот однос на претседателот на Собранието е политичка.

Во ноември лани Беса ја напушти владината коалиција,а со тоа нејзините двајца пратеници преминаа во опозиција и сега има места во повеќе собраниски комисии, кои ѝ припаѓаа како дел од тогашната владејачка коалиција.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста