Џафери сведочеше за „27 април“- Велјаноски постапувал согласно собранискиот деловник

Трајко Велјаноски постапувал согласно собранискиот деловник на 27 април 2017 година. Во судскиот процес за организаторите на собраниските настани во судот сведочеше претседателот на Собранието Талат Џафери.

На прашање на одбраната- дали тогаш претседадавачот со конститувната седница можел да исклучи пратеник од говорницата, Џафери одговори дека такво нешто не било возможно. Со ваквото сведочење на собранискиот спикер, паѓа тезата на обвинителката Вилма Рускоска, дека Велјановски можел да ги исклучи микрофоните и да го спречи пеењето на македонската и албанска химна, од страна на пратениците Крсто Мукоски и Зекирија Ибрахими.

-Немаше можност ни на 27-ми, ни по 27-ми да се исклучи пратеник од говорница, мораше да оди преку режија, по барање на претседателот на Собранието, кажа во судот Џафери.

Еленко Миланов, адвокатот на Велјановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, по крајот на рочиштето кажа дека со сведочењето на Џафери, се докажало дека поранешниот собраниски спикер постапувал согласно деловникот.

-Со исказот на господинот Џафери само го потврдивме деловничкото работење и деловничкото постапување на господниот Трајко Велјановски, како и начинот на кој што продолжил да постапува и господинот Талат Џафери во понатамошниот период, а и како што постапувале сите претходни претсдетали согласно деловникот на Собранието. Талат Џафери само го појасни она што ние цело време го говориме, дека постапувањето е согласно деловникот на Собранието, изјави Миланов.

Инаку, покрај на ова рочиште обвинетиот Миле Јанакиески, во ист ден беше во судница и за случајот ТНТ, односно за рушењето на објектот „Космос“, каде сведочеше токму сопственикот на зградата, Фијат Цаноски.

Токму ваквата ситуација е проблематична за поранешниот министер и неговите адвокати, кои велат со по две рочишта дневно не постои можност за подготвување квалитетна одбрана пред судот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста