Џафери последна пречка за петтиот пакет мерки да се најде на гласање пред пратениците, не ги стави на дневен ред и по попладневната координација

И покрај бројните злоупотреби на државната помош од страна на компаниите,власта не го прифати амандманот на ВМРО-ДПМНЕ парите од петтиот пакет мерки наместо на работодавачите да им бидат префрлени директно на работниците. Ниту предлогот помошта за плати да важи и за април и мај, а не само за февруари и март и да биде неповратна не беше доволна причина пратениците од мнозинството на комсијата за финансирање и буџет да дадат поддршка.Според заменик-министер за финансии буџетот веќе бил донесен, а исплатата треба да ја прават работодавачите. Рокот за аплицирање на компаниите и самостојните вршители на дејност погодени од кризата се продолжи до 30 Април.
“”Не може да го прифатиме и второ забелешката во однос средства да бидат директно префрлени на работниците а не преку работодавачите исто не може да се прифати од причина што платата ја исплаќа работодавач преку соодветни институции”, рече Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ побара мерките итно да бидат изгласани и на собраниска седница. Иако сметаат дека се недоволни, како што истакнуваат, граѓаните не смеат да чекаат.
“Помошта, иако сметаме дека е недоволна, иако сметаме дека треба да биде на различен начин димензионирана како што кажавме во самите амандмани, сепак е форма на помош и нашата улога како пратеничка група е да што побрзо стигне до граѓаните. Секој дополнителен ден кој што чекаме значи изгубени работни места, значи неисплатени плати за нашите сограѓани, значи затворање на уште компании”, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега топката е префрлена кај спикерот Џафери. Ниту по поладневната координација претседателот на собранието не ја закажа собраниската седница за финално одобрување на петтиот пакет мерки. Власта очекува седницата да се одржи деновиве.
Помош од државата ќе може да побараат работодавачи на кои им се намалил профитот до 30 проценти, а 50 оттсто од парите ќе треба да ги вратат или да ги реинвестираат. Ќе аплицираат и компании кои се целосно затворени или работат со максимум 50 проценти од капацитетот. Ранливите категории граѓани, работниците од културата, филмски и естрадни уметници до 31 мај да аплицираат за помош од шест илјади денари. Петтиот пакет мерки е со вредност од околу 160 милиони евра.
Градимир Марковски