Џафери избега од камерата на Алфа- остана неодговорено прашањето зошто го прекрши Уставот во Брисел

Откако среде Брисел го прекрши Уставот, говорејќи на албански јазик како официјален претставник на Македонија, собранискиот спикер Талат Џафери реши да избега од новинарите и да не одговори за ваквиот негов потег. Во членот 7 од македонскиот устав јасно е запишано дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, се службени за меѓународна употреба. Сепак на прашањето на Алфа зошто го користел албанскиот јазик како претставник на државата во Брисел, Џафери реши да не одмине не кажувајќи ни збор.

Според универзитетската професорка по уставно право, Тања Каракамишева, ваквиот потег на Џафери е класично кршење на Уставот, кое не смее ни под разно да го прави претседател на законодавниот дом.

-Џафери го прекрши законот за употреба на македонскиот јазик, каде прецизно е наведено дека во меѓународните односи, одбраната централната политика и монетарната политика, македонскиот јазик е единствен официјален јазик во Македонија, изјави Каракамишева за Алфа.

Според Каракмишева, Џафери би требало да понесе одговорност, бидејќи веќе станало пракса од највисоките политички чинители во државата да го прекршуваат Уставот на Македонија.

-Забележуваме дека во земјата продолжува онаа практика на прекршување на Уставот и законите од највисоките политички претставници на земјата. Со што директно се повредува владеењето на правото од оние кои се најповикани и треба да бидат пример за останатите граѓани како и треба да бидат пример за останатите граѓани како треба да се почитува Уставот и темелните вредности на уставниот поредок на земјата, изјави Каракамишева.

Инаку Џафери во Брисел беше на состанок со собраниските спикери од Западниот Балкан, а состанокот го водеше претседателот на Европскиот Парламент.

Матеја Петровски

Advertisements