Џафери ги распиша претседателските избори- Прв круг на 21 април, втор на 5 мај

Претседателот на Собранието Талат Џафери го потпиша решението за распишување на претседателските избори.

Изборите ќе се одржат на 21 април, додека вториот изборен круг е закажан за 5 мај.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.

Заедно со претседателските избори, во Охрид, Ново Село и Дебар ќе се одржат и избори за градоначалници.