Џабе диета ако не спиете доволно, без сон побрзо се дебелеете

Дали веќе сте се чувствувале гладни во текот на денот ако не сте спиете доволно претходната ноќ? Не е ни чудо!

Пореметениот сон доведува до зголемување на производството на лептин, хормон што предизвикува глад, како и намалување на грелинот, хормон кој го запира гладот, откриваат медицинските истражувања. Затоа, нарушувањата на спиењето може да доведат до зголемен апетит, особено за храна која е богата со јаглени хидрати.

Вработно лице спие во просек околу 6,9 часа во работните денови и 7,5 часа за време на викендите. Сепак, секој од нас има потреба од приближно осум часа спиење дневно. Тоа значи дека сите сме „во недостиг“ за околу еден час.

Ова може да изгледа занемарливо, но за време на спиењето целото тело се обновува. Се чувствуваме уморни, летаргични или дури и депресивни ако не ја поминевме фазата на подлабок сон претходната ноќ.

Сега, научниците точно утврдија уште колку калории внесуваме бидејќи се обидуваме да го ублажиме заморот и несоницата со храна – близу 400 калории. Ако ве интересира точната бројка – тоа е 385!

Затоа, обидете се да легнете порано вечерва. Не јадете барем еден час пред спиење, оставете го мобилниот телефон надвор од спалната соба и заспијте со убави, позитивни мисли! Запомнете дека РЕМ фазата, фазата на соништата, е важна за менталното здравје, како и за спиењето да придонесе за здрав имунолошки систем.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста