Десницата ќе ја сочинува најголемата група на партии во Европскиот парламент после избори, анализира директорот за кампањата во ЕП

Десницата ќе ја сочинува најголемата група на партии во Европскиот парламент после избори, анализира директорот за кампањата во ЕП

Десницата во Европскиот парламент веројатно ќе ја сочинува најбројната група политички партии, смета Филип Шулмајстер, директорот за кампања на Европски парламент, во врска со претстојните избори што ќе се случуваат од 6 до 9 јуни.

Иако, според мерењата на пулсот на европските граѓани, не може да се предвиди победа, меѓу другото, и заради тоа што не постои обединетост во позициите на сите десни и екстремно десни партии.

Според е Шулмајстер, евроскептицизмот што тлее во одделните држави е истовремено фактор за ваквите прогнози. Истовремено, во овој момент не може да се зборува за промена во курсот на европроширувањето постизборно. Според извори во Европскиот парламент ова е очигледно, ако се знае дека сите десници во Европа не го поддржуваат отворањето на вратите на Унијата, па оттука големи очекувања за промена на европскиот курс во брзо време не треба да се очекува дека ќе има.

Од друга страна, извори од Директоратот за проширување при Европоската комисија, велат дека не постои план Б, ниту пократок пат, за почнување на преговорите со Македонија, освен спроведување на уставните измени за внесување на бугарското малцинство.

Преговарачката рамка е прифатена од владата на СДСМ и ДУИ, па во таква ситуација не се можни промени сега. -Свесни сме за фрустрациите на народот, но тоа не го менува фактот дека билатераните обврски мора да се исполнат, велат изворите од Директоратот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )