Десничарските политички партии со убедливи победи во повеќе балкански држави

Владејачката ХДЗ на актуелниот премиер Андреј Пленковиќ е убедлив победник на вчершаните парламентарни избори во Хрватска. Државната изборна комисија соопшти дека ХДЗ освоиле дури 68 мандати, наспроти Социјал- демократите на Давор Брнардиќ кои доживееја пораз и освоија 41 пратеничко место во новиот состав на Хрватскиот Сабор.

Претходно на 21-ви јуни Српската напредна партија на  претседателот Александар Вучиќ беше апсолутен победник на парламентарните избори со освоени 60,65 отсто од гласовите.

На коалицијата којашто ја предводи СНС оваа победа ѝ донесе 188 мандати и двотретинско мнозинство наспроти Социјалистичка Партија на Србија која доби 10,38% од гласовите, или само 32 мандати. Останатите места им припаднаа на помалите политички партии.

Во март годинава десничарската Словенска демократска партија на Јанез Јанша победи на парламентарните избори.

Според избројаните гласови, Јанез Јанша, освои 25 насто, додека листата на Марјан Шарец освои 12, Социјалдемократската партија 10, додека Партијата на модерниот центар на поранешниот премиер Миро Церар освои 9 насто од гласовите.

Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дојде на власт со убедлива победа од 159 пратенички места на предвремените парламентарни избори кои се оддржаа во јули 2019-та. И во Бугарија во 2017-та победи десничарската конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија.

Актуелниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан и неговата партија „Фидес“ победија на парламантарните избори ,во април 2018 година, и освоија трет последователен мандат по ред.

Десницата остана на власт и во Австрија по убедливата победа на партијата на Себастијан Курц на вонредните избори кои се одржаа на 19-ти септември 2019-та.

Народната партија, предводена од канцеларот Курц, однесе чиста победа на изборите, освојувајќи 37% гласови, шест проценти повеќе од претходните избори наспроти Социјалдемократите, кои освоија 22,5% гласови. Практично во најголем дел од регионот на власт се десничарски партии, блиски или сестрински со ВМРО-ДПМНЕ.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста