Дескоска за Алфа: Точно е, владата ме номинира за претставник во Венецијанска Комисија

Министерката за правда Рената Дескоска ќе биде нов македонски претставник односно член на Венецијанската комисија. Владата на вчерашната седница донела одлука за нејзино номинирање, а министерката за Алфа предмалку ја потврди оваа информација.

Таа посочува дека постојат и други примери министри или заменици министри да бидфат претставници на некои земји во ова тело. Според Дескоска тоа е случај со министерот за правда и министерот за надворешни работи на Црна Гора. Заменик министерот за правда на Србија исто така е член информира министерката.

“Земјите кои често праќаат закони на милсење на Венецијанска номинираат министри или заменици министри доколку се експерти, заради подобра координација и усогласување на своето законодавство со ставовите на Венецијанската комисија”, вели таа за Алфа.

Таа во Венецијанската комисија треба да ја замени професорката тања Каракамишева – Јовановска.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста