Дескоска не се занимава со упатствата на ДИК за предизборно рекламирање во медиумите

Продолжуваат да си ја префрлаат топката министерката за правда Рената Десковска и Државната изборна комисија кога се во прашање медиумите. Повеќе од 3 месеци здружението на проватните национални радиодифузери се обидуваат да и објаснат на комисијата дека математиката не се поклопува. Станува збор за упатството што го донесе ДИК дека просечната цена за рекламирање кај радиодифузерите за претстојните избори е максимална цена, односно се ограничуваат парите за рекламирање.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Алфа рече дека цената се формира врз основа на изборниот Законик, и членовите кои се во состав на политички партии, каде тројца се од опозиција и 4-ца од позиција, и тука не било ништо спорно.

  • Имено, со најновите измени на изборниот законик се направија измени кои и наложија на ДИК да ја утврди максималната цена која треба да е утврдена врз основа на просечните цени кои во изминатите изборни циклуси ги имале медиумите, и радиодифурезите. И таа цена треба да е максимална. Тоа е таа цена која сите ги буни, вели Деркоски во изјава за Алфа.

Кој ќе ја сноси одговорноста за евентуално незаконско толкување на членовите на ДИК? Во интервју за Канал 5, министерката за правда рече дека е неприфатливо да се менуваат правила среде изборен процес. Проблемот го лоцира не во нормата, туку во толкувањето од страна на ДИК, на што Деркоски одговори дека упатството е продукт на сите членови. Дали министерката за правда има двојни стандарди кога се работи за ДИК и медиумите? Таа тврди дека ги немала видено претставките од радиодифузерите.

Како министерката за правда која беше дел од тимот за преговори со ВМРО-ДПМНЕ не ја интересираат упатствата на ДИК, или пак ја интересираат само изборните проблеми? Единствено што бараат радиодифузерите е допрецизирање на еден член во изборниот законик, со цел да се надмине проблемот со толкувањето од ДИК.

Останува неизвесно, како е возможно министерката за правда да не ги знае уредбите на ДИК кои би предизвикале загуби кај радиодифузерите.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста