Десетдневна жалост во Шпанија за починатите од Ковид -19

Шпанската влада прогласи десетдневна национална жалост за жртвите на коорнавирусот, кој однесе повеќе од 27.000 животи во таа земја.

„Знамињата ќе бидат спушени на пола копје во сите државни згради“, прецизираше портпаролката на владата Марија Хесус Монтеро.

Таа кажа дека големата службена церемонија ќе ја води кралот Фелипе Шести во спомен на жртвите на епидемијата, од кои 80 отсто се постари од 70 години. Сѐ уште не е познат датумот на комеморацијата.

Шпанија, која има околу 47 милиони жители, е една од потешко погодените земји во Европа со над 27 илјади починати  и над 230.000 заболени, според последните податоци.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста