Депонирањето смет во Тетово сеуште без никакви стандарди, комуналното до гуша во долгови-надлежните без решение

За три години, во тетовско се загадени три локации, кои се користени за претовар на сметот.Прво на влезот во градот, па во близина на Требош, и моментално кај селото Фалише.Локалните власти изминативе години, освен менување на локациите за претовар, не најдоа друго решение за отпадот.

“Претоварната станица овде позади мене, во близина на селото Фалише сеуште работи без никакви стандарди.Сметот кој се собира од тетовско, буквално се истура на земја пред да се однесе во Дрисла.”

Веднаш спроти оваа депонија се наоѓаат обработливи земјоделски површини,кои полека престануваат да се  користат,оти ѓубрето веќе две години ја загадува почвата и подземните води.Наместо решение,надлежните и натаму со иста приказна-се барало нова локација, која ќе работела по стандарди.Но, после многуте лаги овие години дека нешто ќе се реши,тетовци ја губат довербата.Градот велат, никогаш не бил толку запоставен.

Катастрофа,позагаден град не знам дали има, дали имало-вели тетовка

Не сум задоволен од градоначалничката,да дојде некој друг па да биде подобро, вака не иде, не е добро- изјави друг жител.

Изгледа не работаа за граѓаните, ниту градоначалници, ниту Владата, оставени сами на себе-реагира Tетовец.

Ова никаде го нема, каде да појдеш подалку од Тетово е почисто-рече жителка..

Проблемите во комуналната свера наместо да се расчистуваат, се повеќе се таложат. Состојбата не е сјајна ниту во самото претпријатие.Комуналното е до гуша во долгови,а вработените кои неодамна протестираа, со месеци се оставени без плата и придонеси.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста