Депонијата „Вардариште“ стигна во рацете на правобранителот, бара одговори од „Комунална Хигиена“

Народниот Правобранител отвара постапка против  Комунален Сервис  претпријатието што е под Град Скопје  за депонијата Вардариште. Преставката до правобранителот ја доставил граѓанин на Скопје. Оттаму побарале објаснување од  „Комунална Хигиена“ од каде нема одговор или барем во објаснувањето од Народниот правобранител  не се наведува.

  •  По електронски пат поднесена е претставка од подносителка од Скопје со иницијали С.К. која смета дека ЈП „Комунална Хигиена„ противзаконски ја користи поранешната депонија „Вардариште„ како претоварна станица и бара народниот правобранител да го испита случајот. На 28.05.2020 година народниот правобранител се обрати до ЈП „Комунална хигиена„ и побара објаснување и информации за наводите во претставката на подносителката, за што истата е известена стои во одговорот од Народен Правобранител  .

Алфа во неколку пати алармираше дека жителите на скопската населба Маџари  очајно бараат властите да престанат да ги лажат дека ќе ја исчистат депонијата, додека паралелно ја полнат нивните јавни претпријатија. Од старт,  градоначалникот на Гази Баба, се прогласи за ненадлежен.  Град Скопје на 15 април известија дека сметот го складирале оти немале време да го транспортираат во Дрисла и ќе има целосно расчистување на депонијата, а само  десетина дена подоцна Шилегов кажа дека депонијата Вардариште ќе биде привремена претоварна станица.

  •  Вардариште како депонија не постои. На Вардариште постои претоварна станица. Претоварна станица бидејќи системот на собирање на ѓубре подразбира на неколку места во градот, каде што го собираат возилата, го истоварат и се товари во поголеми возила, 60 тонски камиони, за да се однесе во Дрисла – рече Шилегов на 25.04.2020.

Депонијата уште се полни а граѓаните и натаму се гушат. Спас побараа и кај странските амбасадори.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста