Депонијата Буково и натами ги труе жителите во охридскиот регион

Гори депонијата во Буково која претставува еколошка бомба-со денови, посебно во вечерните часови и рано наутро, неподнослива миризба и чад се чувствува воодредени делови на градот и охридската околина.

Да, се осеќа има неколку дена има некоја миризба, ама не знаеме од каде е, што е; Се осеќа по река, од Охрид по течението на Коселска река до Плаќе горе, до Плаќенска планина.Често гори таа депонија? Често, нон стоп; Ами сега и да смета и да не смета мора да се живее некако – ова го велат граѓаните.

Таа депонија не е од вчера,20 години ни ветуваат дека ќе се реши проблемот,но никако да најдат чаре. Ние жителите од поранешнтаа коселска општина во која гравитираат 6 села,се удавивме од депонијата која неконтролирано гори-вели претседателот на месната заедница од село Куратица,кој зборува за непријатната ситиација која секојдневно ја доживува псоебно со странските туристи.

На нашите ајде можеш некако да им кажеш дека е депонија, дека не е решен проблемот,но странските гости кога ќе дојдат несватливо е за нив во 21 век ти да гледаш депонија како гори ! Мислат дека е фабрика, кога ќе им кажеме дека депонијата гори, како може така велат, во вакви предели недопрена природа да се слулува тоа? изјави Горан Ангелоски-Претсед.на М.З.Куратица.

Од државниот инспекторат за живитна средина велатдека последен надзор е извршен пред 3 недели, кога јавното комунално претпријатие е задолжено да примени мерки за спречување на палењето. Оваа недела ќе се изврши контролен надзор.

”Депонијата Буково има влијанија врз квалитетот на воздухот, заради емисиите на диоксини и фурани, кои се канцерогени. Депонијата е лоцирана во сливот на Коселска Река и заради тоа може да има влијанија и на површинските води и посредно на водите на Охридското Езеро.” велат од Државниот инспекторат за животна средина.

Првиот човек на Охридски комуналец, самокритичен-признава дека депонијата гори,но вели дека пожарот го подменувале неовластени лица.

Доколку сите институции сериозно се зафатиме на оваа работа,сметам дека нема да се повторуваат барем пожарите и загадувањето на животната средина и она што деновиве се осеќа точно е,поготово наутро и во самиот центар на градот чадот што доаѓа од таа депонија.За долгорочно решение на проблемот единствено решение е отворање на регионала депонија рече Љупчо Грданоски-дир.на Ј.П.” Комуналец”.

Дневно во Буково се одлагаат околи 90 тони ѓубре а депонијата е пренатрупата и излезена надвор од сопствените граници. Во меѓувреме истече и рокот на Унеско за затворање на депонијата Буково која се најде воизвештајот на Комитетот за светско наследство на Унеско,како една од препораките кои мора да се испорачаат.Во Акционскиот план стоеше дека до крајот на 2020-та година треба да се затвори истата.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста