ДЕНВЕР ПО ТРЕТ ПАТ ВО НЕГАТИВА ОД 3-1, ЛЕЈКЕРС НА ЧЕКОР ДО ФИНАЛЕ

ЛА Лејкерс поведе со 3-1 против Денвер во финалето на Западната конференција. „Езерџиите“ славеа со 114-108, и во ниту еден момент не беа резултатски загрозени. Нова одлична партија на Ентони Дејвис со 34 поени, со поддршка од Леброн 26 коша, девет скока и осум асистенции. Кај Нагетс, Мареј заврши со 32, а Јокиќ не беше на своето ниво со само 16 поени и седум скока. Денвер по трет пат во плејофот се соочува со негатива од 3-1 во победи. Историско враќање имаа над Јута и Клиперс, но колку ќе имаат сили против Лејкерс за нова сензација, останува да видиме. Вечерва, Мајами има меч топка против Бостон во финалето на Исток.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста