Деновите на власта одбројани – Заев не открива кој ќе го замени

Човекот од доверба на Зоран Заев и актуелен прв полицаец Оливер Спасовски најверојатно го превзема кормилото на извршната власт како премиер во техничката влада…информацијата која Алфа вчера ексклузивно ја објави дека изборот ќе падне токму на него, премиерот Заев не ја демантираше, туку најавува партиски договор за новите имиња.

По лидерската Заев вети дека ќе ги почитува законските процедури за Пржинска влада од 100 дена, па најдоцна до 3-ти јануари треба да си поднесе оставка и да замине од премиерската фотеља. Во тој рок и Собранието треба да го именува новиот технички состав.

Иако првично инсистираа на брзи избори во декември, портпаролот на СДСМ Костадинов одбива да каже кој било можното решение за технички премиер – тоа сега е хипотетичко прашање во моментов. Имало време до 3-ти јануари за да го соопштат името на заменикот на Заев.

Според Пржинскиот Договор, опозицијата во техничката влада би добила 5 министерски места – за внатрешни работи, труд и социјала, како и заменски министри за финансии, земјоделство и администрација.

Министерските позиции во финансии, земјоделство и администрација остануваат во рацете на владејачките СДСМ ДУИ,а во МВР и труд и социјала ќе имаат заменски министри. На некои од овие позиции би дошле Николовски и Анѓушев.

Мандатот на новите технички министри трае од именувањето до изборот на новата Влада, односно до објавувањето на конечните резултати од ДИК. Но секоја одлука која ќе биде донесена во министерствата ќе мора едногласно да биде одобрена и од власта и од опозицијата.

Ивана Соколовиќ Најдова