ДЕНИ МУСОВСКИ СО НОВ ГОЛ ЗА ЛАС АНЏЕЛЕС ПРЕД ДОАЃАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Новата македонска фудбалска репрезентативна аквизиција Дени Мусовски не запира со погодоците во МЛС лигата. Напаѓачот на Лос Анџелес со прекрасен лоб му донесе водство на својот тим во градскиот мегдан со Галакси и ја најави победата која на екипата и го овозможува четвртото место. Инаку Мусовски кој треба да се појави на подготовките со Грузија има 5 гола во 13 меча сезонава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста