Денеска завршува групната фаза со последното коло во групите Е и Ф

Денеска се играат последните натпревари од третото коло, по два во составите Е и Ф, по кои ќе бидат познати сите патници, а со тоа и двојките во осминафиналето на ЕП. Од 18 часот, Словачка се среќава со Шпанија, а Шведска игра со Полска, и во оваа конкуренција буквално се е можно оти Швеѓаните се први со 4 бода, еден повеќе од Словачка, два од Шпанија и на три бода од Полска. Неизвесно ќе биде и во „групата на смртта“ од 21 часот кога стартуваат битките меѓу Германија-Унгарија и Португалија-Франција. Тука Французите водат со 4 бода, еден повеќе од Германците и Португалците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста