ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА МАШКОТО ОДБОЈКАРСКО ЕП, МАКЕДОНИЈА НА ОТВОРАЊЕТО ПРОТИВ ФИНСКА (18.00)

Денеска започнува 32-то Европско машко одбојкарско првенство, а Македонија која по втор пат е на најголемиот континентален собир има чест да биде дел од отворањето. Имено кај еден од четирите домаќини, Финска и тоа во Тампере од 18 часот ние го имаме дуелот од првото коло во групата Ц, во која се уште Холандија, Турција, Шпанија и Русија, кои во следните седум дена ќе ни бидат противници преку кои треба да стасаме барем до четвртото место и до осминафиналето. Истото ни побегна за малку пред две години кога дебитиравме, а сега порачуваат од нашиот состав имаме и играчи, и квалитет, па и искуство да се најдеме таму.