ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ СОБИР НА ИЗБРАНИЦИТЕ НА РАКОМЕТНИОТ СЕЛЕКТОР КИРЕ ЛАЗАРОВ

Македонската машка ракометна селекција од денеска е на собир од кој по вообичаените подготовки кои ќе траат дваесетина дена, во средината на јануари ќе замине на нов седми настап на завршниците на Европските првенства. Селекторот и капитен Кире Лазаров во Скопје на пладне дочека 23 колеги со кои ќе се обиде од 13 до 17 во следниот месец во Дебрецен да добие барем два од натпреварите во А групата со Словенија, Црна Гора и Данска, и да просперира во вториот сегмент на шампионатот кој предвидува нова групна фаза. Македонија имаше лесни квалификации и брзо дојде до потврда на 11-тото учеството на голем ракометен настан во последните 11 години, но точната дијагноза за квалитетот на тимот ја немаме. Колоритен, шарен, измешан е нашиот состав, со ветерани кои се уште ја носат играта и со плејада млади таленти кои треба да преземат обврска. Во таква ситуација тешко е да се предвидува колку може иборот на Кире Лазаров на првенството кое ќе се одвива во три унгарски и два словачки града, и ќе трае до 30 јануари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста