Денеска во Ле Нови средби од 1/4 финалето: ВУЛФС-СЕВИЉА и ШАХТЈОР-БАЗЕЛ

Денеска ќе ги добиеме двата преостанати тима за завршниот квартет во второто клупско фудбалско натпреварување на стариот континент. Во Дуизбург од 21 часот Вулверхемптон и Севиља имаат еден меч во кој шпанците се поискусни и мали фаворити, а во исто време во Гелзенкирхен тргнува и можеби најнеатрактивното четвртфинале меѓу Шахтјор и Базел. Победникот од англиско-шпанскиот дуел в недела оди на Манчестер Јунајтед, а поуспешниот од украинско-швајцарскиот мегдан во понеделник на Интер. Сета завршница од Лига Европа се одива во Германија, па и финалето кое е закажано за 21 август.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста