Денеска сончево со умерена облачност, утре се очекува дожд

Сончево со умерена облачност ќе биде времето денеска. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, а во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните подрачја ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 степени, а дневната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 20 степени.

За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд во западните и јужните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста