Денеска се очекува пресудата дали Аја Софија ќе стане џамија

Највисокиот административен суд во Турција, Советот на државата, денеска ќе пресуди дали Аја Софија во Истанбул ќе стане џамија. Статусот на Аја Софија од верски објект во музеј бил променет во 1934 година, од тогашниот претседател Мустафа Кемал Ататурк. Претседателот Ердоган предложи, една од најпрепознатливите и најпосетуваните знаменистости во Турција, која е на списокот на светското наследство на Унеско, да го добие статусот на џамија. Официјалниот претставник на владејачката партија на Турција, рече дека одлуката се очекува денеска, пренесуваат турските медиуми.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста