ДЕНЕСКА СЕ ИГРААТ 23 СРЕДБИ ВО ФУДБАЛСКАТА ЛИГА ЕВРОПА

17 од екипите за 16-тина финалето во Лига Европа се познати од претходните 5 рунди, а денеска ќе ги дознаеме седумте последни кои ќе ја минат групната фаза, на кои пак ќе им се приклучат и осум тима кои беа третопласирани во Лигата на шампионите. Од 23 меча, во двата познати термина, 18.55 и 21 часот, дуелот на Виареал и Карабах е одложен заради многуте заболени кај Азербејџанците, најпривлечни се тие во кои настапуваат нашите репрезентативци. Така Наполи на Елмас го дочекува Реал Сосиедад и не смее да загуби за да просперира натаму, Риека на Ристовски игра дома со Аз Алкмар, но нема шанси, а Динамо на Адеми ја пречекува ЦСКА Москва, но загребчани се веќе безбедни за првиот елиминациски круг во Лига Европа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста