Денеска се гласа во едно избирачко место во Струга, и едно во Охрид

Денеска се гласа во едно избирачко место во Струга, и едно во Охрид

Денешното прегласување на парламентарните избори до пладне не донесе нарушувања на изборниот процес,нити пак драстична разлика во процентот на излезност во двата соседни града Охрид и Струга,како што беше на 11-тите парламентарни избори кои се одржаа на 8-ми мај.

Според последните информации од општинската изборна комисија во Охрид до 13 часот, на единственото гласачкото место 1272каде се прегласува,од запишание  711 гласачи,гласале 27 % што е незначително помала излезност во однос на првиот круг. Во истиот период тогаш била забележана излезност од  31 %.

Во Струга се прегласува на едно гласачко место, таму право на глас имаат 755 гласачи. До 13 часот гласале 31 % што е за 4 % повеќе од Охрид. Статистиките говорат дека до 13 часот ваков процент на излезност од 31 % имаше Охрид во првиот круг од парламентарните избори на спорните места каде што се прегласува.

Инаку граѓаните кои ги анкетиравме ги прашавме за нивните очекувања и што ги мотивира повторно да излезат и да гласаат.  

На гласачките места е мирно, нема пријавени нерегуларности велат од ОИК на Охрид и Струга. Со оглед дека гласањето се одвива во училишни спортските сали,наставата се одвива со скратени часови.Децата денеска беа во училишните клупи се на се 3 часа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )