Денеска почнува битката за опстанок во кошаркарската Прва лига

Попладнево почнува разигрувањето за опстанок во македонската Прва кошаркарска лига. Последните четири екипи од основниот дел, Кожув како најдобар за противник го доби најслабиот тим Црн Дрим, а МЗТ Скопје 2 вкрстува со Вардар. Овосезонската плеј-аут серија ќе се игра според принципот „подобар од три“, што значи место во елитата ќе го задржат екипите кои први ќе стигнат до две победи. Првиот меч од серијата меѓу Кожув и Црн Дрим се игра во Гевгелија од 17 часот, нешто подоцна од 19.15 во Аеродром почнува битката меѓу МЗТ 2 и Вардар.

Поврзани вести