ДЕНЕСКА НОВ ПОЛИЦИСКИ УПАД ВО АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА

Почитувани гледачи на Алфа Телевизија, почитувани граѓани на Македонија, ве информираме дека “Министерството за внатрешни работи – Биро за јавна безбедност” денеска повторно направи ненајавен упад во Националната Телевизија Алфа со барања за доставување на Документација, Договори за соработка од било каков облик, Договори за емитување на рекламни спотови, web дизјан, припрема на web страна. Барањето е надополнето со достаување докази дека сме извршувале услуги од областа на рекламирањето, маркетингот и адвертајзингот!? А што друго впрочем јавно работи Алфа Телевизија?! Произведува програма и емитува реклами! Барањата се однесуват за национална телевизија која 24 часа, седум дена во неделата, 365 денови во годината продуцира и дистрибуира програма во рекламен простор од 12 минути на секој час програма. Тој визуелно и аудитивно присутен факт во домовите на граѓаните во Македонија и ширум светот, може многу едноставно да го утврди и министерот Оливер Спасовски со едноставно броење на телевизиското време на Алфа Телевизија во само 60 минути. И да утврди дека барањата на неговите агенти се бесмислени!

Упадот на полицискиот комесаријат на социјалдемократската УДБА за нас се ништо друго освен бескрупулозен притисок на власта на Зоран Заев и Оливер Спасовски, кои се обидуваат внатрешните финансиски консолидации на телевизијата да ги искористат со цел заплашување на сопственикот на телевизијата, управата, администрацијата и на крајот создавање страв кај вработените, нарушување на деловните односи и уништување на телевизија Алфа, која во многу наврати лично Зоран Заев ја прогласил нашата телевизија за државен непријател.

Алфа Телевизија, е единствениот глас на слободата на Македонија и на Македонскиот народ во татковината и дијаспората и нема да дозволиме тој глас да биде занемен.

Алфа Телевизија ќе ги надмине овие премрежја и ќе излезе посилна, погласна и послободна отколку што е сега.

Нема да не уплашите и нема да не замолчите!

ТРД Алфа ТВ,

Управител, Јани Бојаџи