Денеска не се вакцинира во „А1 Арена“, зошто власта ја одолговлекува имунизацијата?

Денеска во вакциналните пунктови во А1 Арена Борис Трајковски не се вакцинира. Малиот број на вакцини со кои располага Македонија си го праи своето, и го намали темпото на имунизација. Иако имаме под 1% граѓани кои се вакцинирани сепак имунизација за викенд нема, освен во сабота во трите пунктови во Скопје – Букурешт, Јане Сандански и Чаир.

Зошто не се вакцинира во А1 Арената за викенд прашавме во Министерството за здравство, но не добивме одговор.

Од пред два дена се намалија и термините за вакцинација за двојно, наместо дневно да се вакцинираат 2.500 сега тоа можат да го направат само 1.500 граѓани.

Спутник-В и Фајзер се на прво место на листата од вакцини кои се понудени во нашата држава против Ковид -19 за кои се изјасниле граѓаните дека би ги примиле во Анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје  кое истражување го спровеле телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1.112 полнолетни испитаници.

Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

Од испитаниците во Анкетата 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Македонија слично се справува како другите држави.

Инаку, во понеделник Македонија ги очекува 10.000 вакцини на Фајзер. А по една недела уште дополнителни 10 илјади. Според најавите на министерот на 28 април во Македонија ќе пристигнат 200 илјади кинески вакцини. Додека преку КОВАКС се очекуваат 76 илјади дози на АстраЗенека при крајот на месецов. Но се ова се само најави. Инаку Македонија сама има обезбедено само 6.000 вакцини од Спутник В додека останатите ни се донација, најголем дел од нив се од Србија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста