Денеска е Велики Четврток, според црковното учење денот кога се одржала Тајната вечера

Велики Четврток е денот на Тајната вечера. На овој ден се повикуваат православните верници на причест, затоа што на Велики Четврток е востановена светата причест на Tајната вечера.

Во сите православни храмови денес се служи и света литургија.

– „Тоа е всушност фарабањето на црвените јајца. Обично започнуваат на денот на Велики Четврток, кога ги вапцуваат првите три јајца, подоцна и сите други, бидејќи јајцето е симбол на Воскресение“ – Истакна Отец Сашо.

Верниците со кои разговаравме, велат дека за нив, Велики Четврток претставува свет ден.

Првите Христијани, современици на апостолите, почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат за Велигден, поздравувајки се со радосниот поздрав, „Христос Воскресе!“ На тоа одпоздравувале „Навистина Воскресе!“.
Така поздравувајки се, првиот ја соооштува веста за христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста