Денеска е Прочка, граѓаните си простуваат меѓу себе, но дали ќе им простат и на политичарите?

Помеѓу православно христијанските верници прочка е секогаш на 7 недели пред Велигден.
Денеска граѓаните си простуваат меѓусебно.

Но дали ќе им простат и на политичарите?

Граѓаните велат тешко, на секому според заслуженото.

Според традицијата на балканските народи неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.
Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.