Денеска е прочка, денот кога православните христијани си простуваат

Денеска е прочка, христијанскиот празник на кој по традиција се бара простување, помладите од постарите., и тоа со зборовите „Прости ми ако сум грешел“, а одговорот најчесто е „Простено тие и од мене и од Бога“. За Прочка се прави заедничка вечера во семејството на која се запокладува со сирење и јајца. Вечерата завршува со амкање јајца за децата, што претставува детска радост и добро расположение.

Ги прашавме граѓаните колку го почитуваат овој ден, дали простуваат и дали има некои на кои не можат сепак да им простат, на пример на политичарите. Еве штио велат тие.