Денеска е погребот на рускиот опозиционер Алексеј Навални

Денеска е погребот на рускиот опозиционер Алексеј Навални

Погребот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се случува денеска во Москва, иако неколку погребални служби и локации претходно одбија да го организираат, изјави неговиот портпарол.

Неговиот погреб ќе се одржи во црква во југоисточниот кварт Марино, во Москва, на пладне, изјави Кира Јармиш.

Неговата сопруга, Јулија Навални, ги обвини рускиот претседател Владимир Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, дека се обидуваат да го блокираат јавниот погреб.

Руските власти не ја објавија причината за смртта на 47-годишниот Навални, но многу западни лидери веќе го обвинија рускиот претседател, а Кремљ ги демантираше ваквите наводи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста