Денес средба Мицкоски-Пендаровски во вила Водно

Претседателот на државата Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе остварат средба.

Средбата ќе се одржи во 15 часот во Вила Водно.

Мицкоски пред два дена информираше дека партијата одлучила да ги одрзне односите со претседателот, по што била договорена денешната средба.

Двете теми на кои што ќе се разговара на средбата се случувањата од 27 април и актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа нашата држава моментално.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста