Ден пред старт на учебната година националната платформа доживеа целосен крах

Националната платформа за учење на далечина падна во водаа, а учениците и наставниците спасот го бараат во платформата на “Мајкрософт тимс”. Секојдневните различни инструкции од училиштата ги разгневија бидејќи не знаат на кој начин и на која платформа треба да се најават.

“Тестирањето на функционалноста за онлајн часови се пренасочува од платформата , директно кон порталот Microsoft Тeams.” – ова е само дел од последните инструкции кои ги добија родителите од училиштата.

И МОН „се крсти“ на „мајкрософт тимс“, откако стана јасно, дека долго промовираната платформа, не функционира. И покрај се, ресорната министерка не прифаќа дека се случил крах на домашната платформа и не чувствува лична одговорност. Царовска убедува дека дури шест месеци биле потребни за тест периодот .

Наставата стартува утре, родителите во хаос, револтот ‘се поголем- прашуваат зошто се правела националната платформа кога не служи за ништо ?

Сите дефинитвно кажаа дека преку мајкрософт е многу полесно да се вклучиме. Прво се регистрирав на мајкрософ тимес заради тоа што на другата платформа не можев никако да влезам. Се консултирав со наставничката и таму разговаравме преку мајкрософт тимес..само ни рече дека ќе се пробува ќе се види денеска и утре  дали ќе може преку националната платформа или преку мајкрософт додека не се среди другата.” – вели Катерина Блажевска – родител.

На сето тоа, Царовска вчера порача дека имале малку време за да се подготват за новите околности во образовниот систем, иако со месеци наназад беше јасно дека поради пандемијата ќе мора да се најде нов принцип по кој ќе се одвива училишната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста