Ден Дончев заврши во полициска станица, Обвинителството се уште се смета за ненадлежно, чека на МВР

Ден Дончев заврши во полиција четири дена откако беше објавен скандалозниот видео материјал, на кој што се гледа како тој зема пари од непознато лице и ги става во чанта. На покана на полицијата, Дончев во денеска во 16 часот се појавил во полициската станица Карпош, каде што околу половина час го давал својот исказ пред инспекторите од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, по што си заминал, потврдуваат од МВР за Алфа.

-Д.Д. беше поканет со покана за разговор во полициска станица Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си заминал, велат за Алфа од МВР.

Она што е малку чудно е зошто Обвинителството не отвори истрага по допрен глас, бидејќи на објавениот видео материјал се гледа како поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, зема пари и ги става во чанта. Од Обвинителството потврдуваат дека МВР самостојно ја отпочнало акцијата за откривање на вистината за овој случај.

-МВР во рамките на своите надлежности презема самостојно дејствија, лицето било повикано да даде исказ по последните снимки што беа објавени во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до обвинителството по кој обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот, велат од ОЈО.

Додека Обвинителство се уште молчи, власта застана во одбрана на еден од најблиските соработници на Заев. Покрај лидерот на СДСМ, Дончев го бранеше и неговата заменичка Шекеринска.

За Дончев претходно во јавноста пукна и аферата „Рекет 2“. Во мај годинава тој поднесе оставка од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување правдајќи се дека била поради „лични причини“.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста